Дванаесетпалечното
црево е првиот од трите дела на тенкото црево и е директен продолжеток на
пилорусот на желудникот. Должината му изнесува од околу 25 до 30 cm ("дванаесет
прсти"), во форма на буквата C и се наоѓа во горниот дел на стомакот на
ниво на L1-L3. На главата на панкреасот, лежи во неговата јамка.
Дванаесетпалечното
црево може да се подели во четири дела: горен, симнувачки, хоризонтален и
качувачки дел.
Со горниот дел дел
лежи интраперитонеално и се зголемува проксимално. За црниот дроб е поврзан со
хепатодуоденалниот лигамент. Горниот дел завршува на горната дуоденална флексура
и продолжува како симнувачки.

Хоризонталниот
дел оди од десно кон лево пред абдоминалната аорта и долната шуплива вена.
Со качувачкиот
дел оди нагоре покрај на левата страна на 'рбетниот столб. Овој последен дел од
дуоденумот се припојува на интраперитонеално лежечкиот јејунум гормирајќи
дуоденојејунална флексура. Тука дуоденумот е прикачен за задниот абдоминален
ѕид со помош на висечкиот лигамент на Treitz. Клинички овој лигаментот ја
одбележува границата меѓу горниот и долниот гастроинтестиналниот тракт.
Снабдувањето со
крв се врши преку предните и задните
горни панкреатодуоденални артерии- гранки на гастродуоденалната артерија и
долната панкреатодуоденална артерија- гранка на горната мезентерична артерија
кои формираат артериски сплет. Соодветните вени се одговорни за венска дренажа.
Симпатичката инервација е од целијачниот сплет, а парасимпатичката од 10- тиот
кранијален нерв- вагус.
Визуелизирање на дуоденумот може да се постигне со помош на рендгенска снимка со претходно испиен контраст- бариумова каша.
No comments:
Post a Comment