Search This Blog

Monday, June 1, 2015

Желудник



Желудникот е дел од системот за варење и од суштинско значење за снабдување на хранливи материи за организмот. Неговата кисела гастричната сок делува како бариера на бактериите кои инаку би можеле да се инфилтрираат во цревата и другите абдоминални органи.

Желудникот може да се подели на четири дела. Под дијафрагмата абдоминалниот дел на хранопроводот станува кајдијата на желудникот. Тука проголтаната храна навлегува преку кардијачниот  сфинктер. Понатаму нагоре продолжува фундусот како купола-полна со гас (во исправена положба на телото), која е остро одделена од кардијата. Најголемиот дел од желудникот припаѓа на корпус (или телото), кое формира помала и поголема кривина. Корпусот продолжува со пилоричниот дел  со пилоричниот сфинктер кој го одбележува долниот крај на желудникот и влезот во дуоденумот.
Трите главни артерии кои го васкуларизираат желудникот се: заедничката хепаталната артерија, спленичната артерија и левата гастричната артерија- сите произлегуваат од целијачното стебло, гранка на абдоминалната аорта.
Симпатичната инервација е одговорна за моторната и сензорната инервација на лигавицата на желудникот.
Парасимпатичната инервација доаѓа од вагусниот нервкој ги стимулира гастричните желзди, а ситовремено ја инхибира перисталтиката за забавено движење на химусот.

Визуелизирање се врши со рендген снимка со претходно испиен контраст- бариумова каша.
 

Дуоденум



Дванаесетпалечното црево е првиот од трите дела на тенкото црево и е директен продолжеток на пилорусот на желудникот. Должината му изнесува од околу 25 до 30 cm ("дванаесет прсти"), во форма на буквата C и се наоѓа во горниот дел на стомакот на ниво на L1-L3. На главата на панкреасот, лежи во неговата јамка. 
Дванаесетпалечното црево може да се подели во четири дела: горен, симнувачки, хоризонтален и качувачки дел.

Со горниот дел дел лежи интраперитонеално и се зголемува проксимално. За црниот дроб е поврзан со хепатодуоденалниот лигамент. Горниот дел завршува на горната дуоденална флексура и продолжува како симнувачки.
Симнувачкиот дел и остатокот од дуоденумот лежи ретроперитонеално. Заедничкиот жолчен канал и панкреасните канали се спојуваат во заеднички хепатопанкреатичен канал и се отвораат во Ватеровата ампула во симнувачкиот дуоденум. Многу луѓе имаат акцесорни панкреасни канали што се влеваат во дополнителна папила- Санториниева. Преминот на симнувачкиот во хоризонталниот дел настанува на долната флексура на дуоденумот.
Хоризонталниот дел оди од десно кон лево пред абдоминалната аорта и долната шуплива вена.
Со качувачкиот дел оди нагоре покрај на левата страна на 'рбетниот столб. Овој последен дел од дуоденумот се припојува на интраперитонеално лежечкиот јејунум гормирајќи дуоденојејунална флексура. Тука дуоденумот е прикачен за задниот абдоминален ѕид со помош на висечкиот лигамент на Treitz. Клинички овој лигаментот ја одбележува границата меѓу горниот и долниот гастроинтестиналниот тракт.

Снабдувањето со крв се  врши преку предните и задните горни панкреатодуоденални артерии- гранки на гастродуоденалната артерија и долната панкреатодуоденална артерија- гранка на горната мезентерична артерија кои формираат артериски сплет. Соодветните вени се одговорни за венска дренажа. Симпатичката инервација е од целијачниот сплет, а парасимпатичката од 10- тиот кранијален нерв- вагус.

Визуелизирање на дуоденумот може да се постигне со помош на рендгенска снимка со претходно испиен контраст- бариумова каша.