Желудникот е дел од
системот за варење и од суштинско значење за снабдување на хранливи материи за
организмот. Неговата кисела гастричната сок делува како бариера на бактериите
кои инаку би можеле да се инфилтрираат во цревата и другите абдоминални органи.
Желудникот може
да се подели на четири дела. Под дијафрагмата абдоминалниот дел на
хранопроводот станува кајдијата на желудникот. Тука проголтаната храна навлегува
преку кардијачниот сфинктер. Понатаму нагоре
продолжува фундусот како купола-полна со гас (во исправена положба на телото),
која е остро одделена од кардијата. Најголемиот дел од желудникот припаѓа на
корпус (или телото), кое формира помала и поголема кривина. Корпусот продолжува
со пилоричниот дел со пилоричниот
сфинктер кој го одбележува долниот крај на желудникот и влезот во дуоденумот.
Трите главни
артерии кои го васкуларизираат желудникот се: заедничката хепаталната артерија,
спленичната артерија и левата гастричната артерија- сите произлегуваат од
целијачното стебло, гранка на абдоминалната аорта.
Симпатичната
инервација е одговорна за моторната и сензорната инервација на лигавицата на
желудникот.
Парасимпатичната
инервација доаѓа од вагусниот нервкој ги стимулира гастричните желзди, а
ситовремено ја инхибира перисталтиката за забавено движење на химусот.
Визуелизирање се врши со рендген снимка со претходно испиен контраст- бариумова каша.